Емили Ратајковски провоцираше гласини дека е бремена

Манекенката и глумица Емили Ратајковски ги изненади и збудни своите фанови кога на Инстаграм под постираната фотографија на која позира со сопругот Себастијан Бер, напиша „мама и тато“. Следуваа лавина на коментари и честитки.

-Мама и тато, напиша прочуената убавица и ги разбуди сомнежите дека 28годишната манекенка е бремена. Иако на фотографијата стомакот и е рамен, фановите се сигурни дека таа најавила дека станува мајка.

Инаку, манекенката се омажи за Себастијан Бер само по тримесечна врска, бидејќи, како што самата кажа, веднаш знаела дека тој е вистинскиот човек за неа.

 

 

x

Check Also

Џенифер Анистон бесно им се обрати на фановите: „Проклетата маска мора да се носи”

Џенифер Анистон го отвори својот  Инстаграм профил минатиот октомври, и со првиот ...