Емили Ратајковски во секси фустан од Мајкл Корс

На црвениот тепих на наградите Тони, топ моделот Емили Ратајковски ги привлече сите погледи со црниот макси фустан кој го одбра за оваа пригода.

Станува збор за креација на Мајкл Корс, која не остава многу нешта на фантазијата. Горниот светликав дел од фустанот е со нагласено деколте и отворен грб, и потсетува на костим за капење. Убавицата на црвениот тепих се појави во друштво на креаторот Мајкл Корс.

Изгледот е надополнет со дискретна шминка, нагласени усни во неутрална нијанса и низа алки на десната рака.

 

 

x

Check Also

Валентина Сампајо ја пишува историјата со Sports Illustrated

Валентина Сампајо од модната агенција Џој Менаџмент, која е првиот трансродов модел ...