Емили Ратајковски во уште еден точкаст костим за капење

Летото за моделот и глумица Емили Ратајковски, очигледно е во знакот на трендовските точкасти костими за капење.

По лансирањето на нејзината модна марка за костими за капење – Инамората, Ратајковски ја користи секоја прилика да изрекламира модели од новата колекција. Овојпат, тоа го направи на луксузна јахта во Сардинија, Италија.

Сивиот дводелен костим со бели точки има нагласено отворено деколте, додека долниот дел е танга.

До сега, Ратајковски покажа и други модели со точки од нејзината колекција.

Синиот едноделен костим со бели точки, во кој таа позира во хотелскиот тоалет, привлече огромен број на фанови на нејзиниот Инстаграм профил.

Големо внимание предизвика и фотосесијата со сопругот, во кој таа позира повторно во костими за капење со точки.

x

Check Also

Среќен роденден „Исцелител“ – една година од светската премиера

Денеска изминува една година од светската премиера на Исцелител, дебитанскиот филм на ...