Емилија Розман: Лето во лесни материјали и светли бои

Откако веќе ја одбрала дестинацијата каде што ќе го помине летниот одмот, манекенката Емилија Розман одбра и две пространи торби во кои би собрала се’ што смета дека е неопходно.

emilija 4

„Основни се хигиенските и козметичките средства кои ги користам секојдневно, како и млекото за тело со заштитен фактор 50, бидејќи имам многу светол тен и секогаш „горам““, вели Емилија.

emilija 1

Поради светлиот тен оваа убавица никогаш не посетува ни солариум.

emilija 3

Кога станува збор за облеката пак, на Емилија и е најважна удобноста.

„Лесни материјали во светли бои и весели тонови кои сами по себе зрачат со енергија. Шорцеви и маички, бикини и секако по некој летен фустан од M Couture на Мила Кадриу за вечерните излегувања.“

Од чевлите предност им дава на ниските, лесни, односно на балетанките.

„Задолжително ќе понесам балетанки и тоа во неколку бои. Не завземаат многу простор во торбата, а одговараат на бројни комбинации. Се разбира ќе понесам и минимум еден чифт чевли со висока потпетица“.

emilija 2 На крајот се пакуваат модните додатоци. Но за незаборавно лето, вели Емилија Розман, најважно од се’ е друштвото.

x

Check Also

Скопје Сити Мол стартува со Black Friday Week

Black Friday во Skopje City Mall не е само еден ден. Ниту ...