Убавицата Емилија Розман, позитивен пример за младината која го поддржува волонтерството!

5-ти декември, Cветски ден на волонтерството.

emilija 1

Црвениот крст и Министерството за социјални работи по повод 5-ти декември, Cветскиот ден на волонтерството,  организираа свечен настан со цел одбележување на овој ден кој има задача да го истакне значењето на волонтерската активност и дејствување.

Беа доделени и национални награди, а манекенката Емилија Розман беше истакната како позитивен пример за младината која ја практикува и подржува волонтерската работа.

emilija 2

„Да се биде волонтер во Црвениот крст е чест и привилегија. Јас таа привилегија ја имам веќе цели 11 години. Благодарна сум што од мали нозе имав можност да увидам кои се вистинските вредности во ова, за жал, материјално општество. Преку волонтирањето во кризните ситуации, со давање помош на луѓе кои и не ги познаваме, со тоа ние стануваме свесни, хумани и социјално-одговорни личности“, рече Розман.

One comment

  1. Едно големо браво за мамода.ком во презентирањето на вакви ретки настани 🙂

x

Check Also

Македонската убавица Елена Анѓеловска – втора на Мис Глоуб

Македонската мисица Елена Анѓеловска беше избрана за втора придружничка на изборот „Мис ...