Ен Хетавеј проговори за проблемот со алкохол, еве кои други ѕвезди го имале истиот проблем

Глумицата Ен Хатавеј (36) на гостувањето во шоуто на Елен во потполност се отвори и проговори дека имала проблеми со алкохолот.

Глумицата и претходно зборувала за своите проблеми со алкохолот, но никогаш толку отворено. Раксажа дека никогаш не пиела во толкава мера за тоа да влијае на нејзината работа, но неретко ги преминувала здравите граници. Дека на пиењето треба да стави крај, сфатила при една случка со нејзиниот тригодишен син Џонатан.

-Престанав да пијам и нема д апијам во следниве, најмалку 18 години. Всушност, се додека мојот син ќе биде во мојата куќа. Не го сакам начинот на кој тоа го правам, а тој е во години кога навистина му требам уште од рано наутро. Еден ден во октомври отидов по него во градинка, не возев, но бев мамурна и тоа ми беше доволно. Тоа воопшто не ми се допаѓаше“, рече Ен во шоуто на Елен.

Ен Хатавеј не е единствената ѕвезда која се борела со оваа зависнот. Линдиз Лохан која еден период беше омилена глумица особено на тинејџерите, не успеа да ги задржи своите успеси токму поради зависноста од алкохол. Веќе пред својата 30-та година ја заврши актерската кариера и им се предаде на лошите пороци. Во 2013 година, на гостувањето во шоуто на Опра, во солзи ја призна својата зависност. – Да, зависна сум од алкохол. Сум пробала истовремено и кокаин со алкохол, но не повеќе од 10 или 15 пати. И никогаш добро не сум се чувствувала следниот ден, што ме тераше да пијам уште повеќе. Освен тоа, алкохолот беше работа за добри забави“, рече Лохан.

И Мел Би, популарната пејачка и членка на групата Спајс Грлс, минатата година јавно призна за својата зависнот од алкохол и секс. Тогаш објави и дека оди на лечење во една британска клиника. Тешкиот период во нејзиниот живот започнал по разводот со нејзиниот сопрут Стефан Белафонте. – Пиев алкохол за да си ја ублажам болката, рече Мел Би. На лечење отишла за да биде подобра мајка на своите деца.

Манекенката Кристи Теиген за своите проблеми со алкохол проговорила во 2017 година. Тогаш ја шокирала јавноста со изјавата дека не знае да испие само еден пијалак. -Се навикнав да испијам чаша вино секогаш кога сум на шминкање и фризирање. Потоа, би испила уште една пред заминување на настанот, а потоа тоа би продолжило. Се чувствувам лошо зашто правев будала од себе пред луѓето кои ги почитувам. Се чувствував грозно. Тоа не е добро за мене, за Џон, за никого“, рекла Кристи. Одлучила да се откаже од алкохол, но истакнала дека тоа ќе биде тежок процес зашто во Холивуд речиси е невозможно да се избегне чаша алкохол.

Деми Ловато, пејачката која има само 26 години, веќе го преживела правиот пекол на зависност од алкохол и дроги. Со години се борела со своите пороци, но успеала да да остане „чиста“ 6 години. – Живеев брзо и сигурно ќе умрев млада. Мислам дека со таков начин на живот нема да доживеев ни 21 година, изјавила Ловато во 2016 година. Но не толку долго по изјавата, Ловато се вратила на старите навики. Минатата година во јули заврши во болница поради труење со алкохол. После тоа одлучила повторно да се бори против зависноста и се согласила да оди на лекување од алкохол и дроги.

Зависноста од алкохол за 33-годишната пејачка Лана Дел Реј почнала од тинејџерските денови. – Пиев алкохол кога и да има пригода, а често и сама. Тогаш се тоа делуваше ок. Веќе на 14 годишна возраст, родителите ме испратија за првпат во клиника за трезнење, но јас пак продолжив по старо“, изјавила еднаш Лана. Истотака рекла дека речиси секој ден била пијана со што ги шокираше сите фанови. Сепак, станала свесна за својата зависност после долги 9 години и одлучила да и стави крај. Признала и дека нејзиниот албум “Born To Die” , делумно е инспириран од тој период на нејзиниот живот и дека токму тоа е причината зашто некои нејзини песни се мрачни.

60-годишната глумица Џејми Ли Кертис, во минатото била зависна од алкохол и од кокаин. -Цел живот ги гледав родителите кои беа зависни од алкохол, тоа е наследна болест. Братот го загубив кога имаше 20 години зашто беше зависен од кокаин. Најголем успех во мојот живот ќе биде ако останам трезна додека не умрам“, си ја отворила душата пред неколку години. Џејми е трезна веќе 20 години. -Го прекинувам магепсаниот круг во моето семејство. Трезвеноста е моето најголемо достигнување, поголемо од мојот сопруг, од моите деца и поголемо од билокоја друга работа, успех или пораз, рекла Кертис.

Кристин Дејвис, слаткаа глумица од „Сексот и градот“истотака јавно проговори за своите проблеми со алкохолот. Глумицата изјавила дека токму глумата ја спасила од алкохолот. – Почнав со часови по глума што ми претставуваше своевиден предизвик, и тогаш заклучив дека моето опивање нема добро да заврши. Висев на работ, и кога сфатив дека поради алкохолот не сум добра на часовите по глума, одлучив – ќе биде или едното или другото. Не можам и двете да ги имам“. Признала и дека зависноста од алкохол е честа болест во нејзиното семејство.

Наоми Кемпбел која долг период беше кралица на модните писти, често беше актерка на бројни скандали. Еден период ги полнеше медиумите поради нејзната зависност од алкохол и дрога. – Мислев дека никогаш нема да ја доживеам 40-та година, имаше моменти кога не можев сама себе да се погледнам во огледало зашто не ми се допаѓаше тоа што го гледам. Гневот не беше мој единствен проблем, имав навистина многу проблеми“, рекла Наоми за својот 40-ти роденден. Побарала помош за лечење од зависност и тоа не го криела, објаснувајќи дека не е личност која ги крие своите проблеми.

x

Check Also

Улична мода од Модната недела во Токио (ФОТОГАЛЕРИЈА)

За време на Модната недела во Токио, уличниот стил никогаш не разочарува! ...