Популарниот бренд за накит SWAROVSKI ја претстави зимската колекција насловена Enchanted Forest.
Лице на новата кампања е американската убавица Карли Клос.
На накитот доминира флоралниот принт, додека акцентот е на слоевитите ѓердани. Хит меѓу парчињата накит е брошот пајак, кој го гледаме и на предимензионираните прстени. Подеднакво впечатлив е новиот модел на златен часовник кој зрачи со елеганција.
Од нијансите доминираат пастелните, нежни тонови.
Погледнете дел од зимската колекција на SWAROVSKI.