Ентони Хопкинс: „Ладен сум“кон мојата ќерка, не ми е гајле за семејните односи!

 

Зборовите на познатиот глумец Ентони Хопкинс, во однос на релацијата со неговата ќерка – единица, Абигејл Харисон, ја разбрануваа јавноста. Оскаровецот Хопкинс (79) веќе две децении не зборува со ќеркаси, која исто така е глумица, но која го променила славното презиме кое само и носело товар.

„Не ми е гајле за расколот во семејството“, рекол славниот глумец, дополнувајќи дека е „ладен“ кон неговата 48-годишна ќерка.

На новинарско прашање дали Абигејл има деца, Хопкинс вели:„Немам поим. Луѓето ги прекинуваат односите и врските. Семејствата се раздвојуваат и …знаете…понатаму продолжувате со својот живот. Луѓето имаат сопствени избори. Сеедно ми беше – вака или онака. Ладен сум кон неа, ама и животот е ладен“.
Абигејл Харисон била одгледана од својата мајка, првата сопруга на Сер Ентони Хопкинс, Петронела Баркер, откако парот се развел кога таа имала четири години.

x

Check Also

Среќен роденден „Исцелител“ – една година од светската премиера

Денеска изминува една година од светската премиера на Исцелител, дебитанскиот филм на ...