Епидемиолог кој стана вистинска ѕвезда! Со неговиот лик има од крофни до маички и чаши…

Американскиот епидемиолог Ентони Фаучи има 79 години, член е на кризниот штаб на Белата куќа и моментно е најголема ѕвезда во САД, толку стана славен што Американците на него гледаат како на холивудска ѕвезда. Неговиот лик се носи отсликан на маичките, се пие кафе од шолја со принт од неговиот лик, а неговото лице ќе го најдете дури и на крофните.

На ваква идеја за крофни дошол Ник Самераро, сопственик на „Donuts Delite“ од Рочестер, а поради неговите крофни Американците патуваат и по неколку часа со автомобил.

Самераро објаснил дека на овој начин му оддава почит на директорот на Националниот институт за заразни болести, човекот и стручњак кој „среде хаосот со смирен глас им се обраќа на Американците“.

-Никогаш не сум запознал никој на кој му се восхитуваат толку луѓе. До сега немам слушнато ниеден негативен коментар за тој човек, вели Самераро, додавајќи дека морал да отвори нови телефонски линии за да ги прими сите нарачки.

Принт од ликот на Фаучи се наоѓа на маичките со слоган – Во Фаучи веруваме, што е изведено од националното мото на САД – Во Бог веруваме.

We are blessed to have Dr. Fauci’s ample knowledge and experience, guide us through the darkness of this COVID-19 tunnel…

Публикувахте от Lily LeMasters в Неделя, 19 април 2020 г.

Онлајн продавницата Etsy која продава ракотворби, нуди над 3.000 предмети посветени на овој епидемиолог.

Фан страницата на д-р Ентони Фаучи на Фејсбук има над 84 000 членови (a оваа бројка секој час расте). Постои и видео игра насловена Осветата на Фаучи во која лекарот со ласери кои му светнуваат од очите го уништува коронавирусот.

Хит пак, меѓу пијалоците, е коктелот “Fauci Pouchy” кој се служи направен од вотка, лимун, калинка и грејпфрут.

Американците го обожаваат поради директниот и едноставен начин на кој ги објаснува фактите, а често е во тешка позиција зашто на суптилен начин мора да го исправи тоа што го изговорил Доналд Трамп. Фаучи инсистира на зборување на вистината, дури и покрај гневниот претстедател кој стои до него.

x

Check Also

Започна продажбата на HUAWEI MateBook 14s на македонскиот пазар

Потрошувачите кои ќе го купат уредот до 31 јануари 2022 година добиваат ...