Епл Воч влегува во светот на модата и тоа преку Вог

Епл Воч се поави на насловна на ноемврискиот Вог Кина.

Епл сериозно се подготвува да го лансира својот часовник, не само како интересен гаџет, туку и како неизбежен и скап моден детал. За влегување во светот на модата, изборот на компанија за соработка беше лесен – Епл се одлучи за соработка со најголемиот авторитет на ова поле – Вог.

liu-wen-vogue-china-november-2014-cover

Лиу Вен на насловната страна на ноемврискиот Вог Кина, со Епл Воч на рака.

На неодамнешната промоција на новиот Ајпед, главниот извршен директор на Епл, Тим Кук, гордо ја покажа насловната страница на ноемврискиот Вог Кина и се пофали за соработката со Вог – како што шеговито рече „соработка со оние кои се разбираат во мода повеќе дури и од мене“.

applevog620x330

Тим Кук ја покажува насчовната на Вог

Оваа насловна страница е само почеток на соработката. Епл и Вог сега почесто ќе ги гледаме заедно. Првпат ги видовме на неодамна завршената париска модна недела, кога се сретнаа Џони Ајв, главниот креативен директор на Епл и Ана Винтур. Во друштво на Ана е и Карл Лагерфелд, а од страната на Џони е Марк Њусон, познат индустриски дизајнер. Кои топ модели ќе се појават на насловните страници на Вог со Епл Воч на себе? Останува да видиме.

IvyWintour

Карл Лагерфелд, Ана Винтур, Џони Ајв и Марк Њусон

Што да очекуваме од соработка Вог – Епл?

Ова се две исклучително влијателни и моќни компании, секоја во својот домен. Бидејќи воопошто не се сомневаме дека соработката ќе биде успешна, ни останува само едно – да почнеме да размислуваме дека 350 долари (цена која во моментов се спомнува за основниот модел) и не е многу за еден ваков хајтек моден детал (часовник).

За оние кои сакаат малку повеке луксуз, тука е златната верзија на Епл Воч – Watch Edition (Воч Едишн), од 18 каратно злато. Цената на моделот „Едишн“  сеуште не е објавена, но се очекува да биде околу 1.200 долари.

apple-watch-luxury-1

Златниот Епл Воч

 

 

 

x

Check Also

Накит за на плажа 2015: Никогаш доволно од него!

Модните додатоци како чантата за плажа, шеширот и марамата не се единствени ...