Ешли Грем позира за пролетната колекција на Марина Риналди

Италијанската модна марка за гардероба за полнички жени, Марина Риналди, ја лансираше кампањата за колекцијата дизајнирана за сезоната пролет/лето 2020.

Главно лице во кампањата е популарниот „плус сајз“ модел Ешли Грем, која е инаку, во деветиот месец на бременоста. Фотосесијата е реализирана во Њујорк, во студио, од фотографот Ерез Сабаг.

Ешли изгледа шик на фотографиите облечена во фустанчиња со чипка, елегантни блејзери и модерни палта.

-Ја прифаќам промената на моето тело од месец во месец, за време на мојата бременост, и сега, повеќе од било-кога, го имам чувството на сила и моќ на тоа што значи да се биде жена, вели Ешли.

x

Check Also

Џенифер Лопез на Инстаграм со влажен изглед и портокалов кармин

Ѕвездата постојано објавува фотографии на социјалните медиуми за да испрати порака на ...