Ернестин Шеперд, баба со челични стомачни мускули, има 85 години ама не ги чувствува!

За оваа прекрасна дама, сè може да се каже, само не дека е стара. Причината? Бодибилдингот го открила во староста и оттогаш нејзиниот живот неверојатно се сменил, секако – на подобро.

Природа, ДНК или тренинг, факт е дека на 85-годишната Ернестин Шефрд може „вода да ѝ носат“ и жените на 40-годишна возраст. Да речеме дека гледајќи ја, едноставно не би помислиле дека тоа е „дете“ на 1930-тите, години. Она што ја прави толку поразлична од нејзините врсници се нејзините мускули кои, благодарение на постојаниот тренинг започнат пред 20 години, станале многу цврсти.

Ернестин решила да си го промени драстично животот кога имала 56 години, и тоа бидејќи не се бендисала во огледалото како ѝ стои еден костум. Сакала да изгледа поинаку и тогаш, во тој момент, решила да ја започне својата рутина: прво се запишала на час по фитнес а потоа, решила да се испроба во боди-билдинг, по совет на нејзината сестра Милдред.

А, кога сестра ѝ починала, овој совет си го сфатила како аманет. Така, 3 пати неделно почнала да вежба бодибилдинг и изнајмила личен тренер. И тоа не бил некој случаен избор, туку поранешниот г-дин Универзум Јони Шамбургер, кој, со оглед на брзиот напредок на Ернестин, ја подготвил за нејзиниот прв натпревар во бодибилдинг. Таа победила, а веднаш потоа следеше именувањето во Гинисовата книга на рекорди како најстара жена бодибилдерка во светот. Приматот официјално и беше доделен во 2010 година.

Но, оттогаш не престанала да постигнува резултати благодарение на издржливоста и енергијата што ја вложува на тренинг. Дури и Бијонсе ѝ честитала на успехот, додека Американците ја нарекуваат „баба со челичен абдомен“.

x

Check Also

Канје Вест ја отстрани Ким Кардашијан од Твитер

Раперот престана да ја „следи“ неговата, сега веќе поранешна сопруга, Ким Кардашијан ...