Луксузната модна марка Версаче го лансираше новиот машки парфем дизајниран за постудените денови. Парфемот е насловен EROS FLAME.
За рекламната кампања позира супремоделот Џиџи Хадид, на која друштво и прави машкиот модел Саломон Диаз. Фотографиите се снимени од популарниот фотограф Стивен Меисел.
На првата фотографија, Џиџи позира во прегратката на Саломон, облечена во металик-златен фустан. На втората фотографија, двата модела се завиткани во наметки со препознатливиот принт од логото на Версаче.
Главните ноти на парфемот се рузмарин, црн пипер, италијански лимон и мандарина.