Есен 2016: Топ 3 трендови на боја на коса

Русокосите ќе мора малку да причекаат, трендовите за сезоната на постудените денови 2016/2017 се на страната на смеѓите девојки.

Еве ги водечките 3.

trend-4

Чоколадно розова златна коса

Судејќи според трендот кој го форсираат најпознатите светски фризерски салони, но и бројот на ѕвездите кои веќе „носат“ ваква боја на коса, водечкиот тренд на боја на коса за есен/зима 2016 е нијансата – чоколадно розова златна коса.

Ваквата мешана нијанса прв ја промовираше стилистот Марк Саут и за брзо време стана хит низ светските метрополи. Станува збор за розови тонови на долниот дел од косата кој како омбре преминуваат во длабоко чоколадни тонови на коренот. Ваквата боја на коса бара фарбање на секои шест недели.

trend-1

Нијанса на печена тиква со зачини

Ваквиот тренд на коса се појави минатата година, но сега е уште поубав бидејќи нијансата не е толку портокалова како лани. Потсетува на есенските паднати листови, а уште повеќе на бојата на печената тиква одозгора попрскана со цимет и мед. Одлично прилега на сите оние кои имаат посветол тен.

trend-2

Громбре

Омбре но од сиви нијанси, оттука и името громбре. Станува збор за неконвенционална нијанса која се прелива од темно сива на коренот, па надолу до светло сива. Овој стил е совршен за сите фризури без разлика дали имате боб или долга степенасто потсрижена коса.

trend-3

 

x

Check Also

Што треба да смените за да го забавите стареењето на лицето

Создавањето на брчки многу зависи од типот на кожата, но и од ...