Есен со акцент на машката чанта

Деловните чанти, кои секоја сезона се повеќе доминантни во  новите колекции, играат важна улога во стилот. Креаторите комбинираа необични форми со класичен дизајн и понудија фантастичен избор. Во тренд се големите машки чанти.

 canta 2

За да се остави добар впечаток во деловната средина, важно е да се посвети внимание на гардеробата, особено на деталите. Деловните чанти кои секоја сезона се се повеќе доминантни во  новите колекции, играат важна улога во стилот.

Креаторите комбинираа необични форми со класичен дизајн, се истакнуваат акт- чантите со модерни форми,  но и големите машки чанти.  Практични се,  елегантни и одлично одговараат со костуми и палта, а  доволно се големи за да соберат се што е потребно за современиот маж .

canta 1

Популарни се и чантите што личат на патни и обично се со огромни димензии. Идеални се за оние кои го сакаат спортско-елегантниот стил.

Сезонава неизбежни се и „поштарските” чанти кои се носат преку рамото, добро се вклопуваат речиси во стилови, формални и неформални.

x

Check Also

HUAWEI го претставува P Smart Pro со тројна AI камера од 48 MP и воодушевувачки дизајн

Huawei го претстави HUAWEI P smart Pro – најновиот паметен телефон, со модерен дизајн и ажурирани спецификации што ...