Есен со H&M: Нови изгледи кои собираат погледи

Х&М ја ланисраше кампањата која ги претставува есенските трендови и ги најавува новите есенски колекции. Кампањата е снимена во Токио, а во неа позираат Антонина Петковиќ, Девон Виндзор, Адвоа Абоа и Кикару Окунуги.

Есенската сезона се фокусира на разиграни модни комбинации – полка точки, тесни панталони од вештачка кожа, кожени јакни и палтенца од вештачко крзно, карирани модни парчиња, но и на диско фустанчиња со долги ракави дизајнирани за забави. Новите чизми кои доаѓаат во продажба се уште повисоки, тесни и со сјаен финиш. Секако, црвени. Од детаљите пак, доминираат панделките кои се речиси насекаде.

Комбинирајте полка точки со карирано, волнени ролки во силни бои со панталони од вештачка кожа, вештачко крзно со вештачка кожа…поточно, забавувајте се во модните комбинации за да добиете изглед кој собира погледи.

x

Check Also

Неделен хороскоп (17ти до 23ти јуни): Топ знаци на неделата – Рак, Водолија и Шкорпија

Оваа недела планетата Меркур влегува во знакот на Рак, носејќи многу нови ...