Есен со Зара – Кожени палта, волнени туники и карирани костуми

Шпанската модна марка Зара повторно го ангажираше популарниот фотограф Стивен Меисел за рекламанта кампања за колекцијата есен/зима 2017.

Во модни парчиња од новата колекција позираат манекенките Виторија Черети, Фарета, Грејс Елизабет, Лекс Херл и Аира Фереира.

Есенската колекција на популарната модна марка ни носи кожени мантили, женствени панталони со нагласен висок струк и со крој кој се проширува на долниот дел, елегантни миди проѕирни фустани, предимензионирани палта од вештачко крзно, волнени туники и карирани сакоа и костуми совршени за деловна атмосфера.

Во продолжение, погледнете ги новите модели од фотосесијата.

x

Check Also

Фолтин на минусни температури ја собра Битола на Зимска приказна

Синоќа во Битола со големиот концерт на Фолтин започна “Зимска приказна” проект ...