Есен во панталони со новите модели од H&M

Есента е зад аголот, па Х&М веќе нудат нови есенски изгледи со акцент на панталоните совршени за временските промени.

Новиот тренди водич од шведската модна марка е насловен ‘The Pants Edit’ и ни презентира како новите модели на панталони да ги комбинираме во есенските денови. Колекцијата содржи повеќе различни модели на панталони кои ќе задоволат различни вкусови – од женствени модели со висок струк, до тесни панталони и панталони со должина до под колениците. Кроевите се идеални и за деловната атмосфера, особено доколку се комбинираат со кошули со риги. Меѓу моделите пак, доминираат карираните примероци.

Погледнете ги новите предлози од Х&М во фотогалеријата.

x

Check Also

10 најпопуларни имиња на кучиња за различни раси и големини

Имате голем избор кога станува збор за вдомување куче. Може да изберете ...