Дизајнерите од популарната модна марка & Other Stories, за надополнување на есенската колекција се инспирирале од стилот на Лос Анџелес. Топлата Калифорнија зрачи од новите модели на кои доминираат цветните принтови. Ракавите на фустанчињата се нагласени, а костумите предимензионирани и лежерни. Вестерн стилот е присутен во колекцијата, како задолжителен за есенската сезона – не заборавајте на каубојските чизми.