Есенска нега на коса со домашна маска од квасец

Маските од квасец одговараат на сите типови коса и незаменливи се во борбата против опаѓањето на влакната. Освен тоа, со маската од квасец ќе придонесете за побрзо растење на косата и ќе го решите проблемот со првут.

Како да ја подготвите?

Во една голема лажица топло млеко растворете една кафена лажичка мед и додадете 20 грама свеж квасец. Оставете на топло место да ферментира околу 20 минути. Потоа, додадете 1 жолчка од јајце. Добро измешајте ги сите состојки.

Маската нанесете ја на чиста, влажна коса. Втријте ја добро во коренот, а потоа премачкајте ја целата коса. Завиткајте ја со крпа и оставете да делува еден час, потоа отстранете ја со топла вода, шампон и регенератор.

Во вака подготвената маска од квасец може да додавате различни состојки, на пример, една лажица маслиново масло, една лажица јогурт, сок од алое, авокадо и тн. Сепак, главната состојка мора да биде квасецот.

x

Check Also

Како до ефикасна нега на кожата според нејзините индивидуални потреби

Последните 2 децении доста често се менува пристапот за нега на кожата ...