Есенска нега на лице со маски од јаболка и крушка

Маски за лице направени на природна основа кои гарантираат свеж изглед и затегнување на кожата.

Маска од јаболко

Јаболката се богати со витамини и минерали, ја смируваат, навлажнуваат и тонираат кожата, но и ги отстрануваат мртвите клетки. Маската од јаболка е идеална за жените кои имаат уморна кожа бидејќи го враќа сјајот на лицето.

Маската од јаболко одговара на сите типови на кожа, а можете да ја нанесувате без ограничувања. Киселите јаболка повеќе одговараат за масна кожа, а слатките за сува и чувствителна кожа.

За да ја подготвите потребна ви е едно јаболко кое ќе го излупите, а потоа изрендате. Потоа ќе додадете една лажичка сок од лимон и една лажичка мед (течен). Смесата добро измешајте ја, па потоа нанесете ја на лицето. Извадете ја маската после 15 минути.

Маска од крушка

Крушата го намалува видливиот стрес на кожата. Богати се со различни витамини, органска киселина и фолна киселина, а благодарение на ниацинот ја одржуваат кожата млада. Богати се со шеќер, па помагаат за смирување на кожата.

Потребна ви е една зрела и мека крушка која откако ќе ја излупите ќе ја исечкате на четвртини. Потоа, исечканите парчиња згмечете ги со вилушка се додека не добиете смеса слична на пире. Додадете една лажица овесни снегулки, една мала лажичка павлака и неколку капки масло од орев или лешник. Мешајте додека не добиете хомогена смеса. Ставете ја на лицето и оставете да делува 20 минути. Отстранете ја со жешка вода.

x

Check Also

‘Boy de Chanel’ – Шанел лансираше колекција на шминки за мажи

Култната француска куќа Chanel на пазарот ја лансираше првата, револуционерна мејк-ап колекција ...