Оваа верзија на сангрија е совршена за есенските денови.
Намирници – 1 литро бело вино, 50 мл бренди, 4 чаши сок од јаболка, 2 чаши сок од ананас, малку рендан ѓумбир, 2 свежи јаболки исечкани на коцки, 1 свежа круша исечкана на коцки, малку исчекан ананас (може и од конзерва), цимет по желба, нане за украсување.
ПодготовкаВо голем бокал помешајте го виното со сокот од јаболка. Додадете ѓумбир и помешајте. Потоа додадете го брендито и прстофат цимет и уште еднаш убаво измешајте. На крајот додадете ги исечканите коцки јаболка и круша. Ставете го болкалот во фрижидер да отстои 2 часа. Пред сервирање додадете мраз и украсете со нане.