Есенска страст | Долна облека што ја посакувате

Сакате ли оваа есен да ја почувствуате вистинската страст од допир на тантела и свила? Тогаш посакувате да имате луксузно задоволство од висококвалитетни материјали, врвна производствена технологија и внимателно дезенирани модни парчиња долна облека. Посакувате дел од колекцијата на брендот Premium која го има епитетот на најстилски модни парчиња долна облека кои треба да ги имате оваа есен. Ви претставувме три типа долна облека што ќе ја посакате веднаш.

ТИП 1: Градници и килоти за комплетен изглед

Кога се работи за категорија градици и килоти, мораме да споменеме дека неизоставен дел се моделите од тантела кои изобилуваат со раскошни дезени и бои. Освен тантелата, овие комплети се изработени од прекрасна и нежна свила, со која се надополнува целиосниот изглед. Одберете класични бои како бела, кремава и црна за безвременска класика или пак одлучете се за бои како на пример бордо, цветни дезени, тегет, тиркиз и сл.

ТИП 2: Боди од тантела

Замислете си изглед во кој се проткајува тантела и меки материјали кои нежно ја галат вашата кожа. Овие Премиум боди модни марчиња долна облека се нешто кое треба да го имате оваа есен. Достапни се бои во класичната црна боја за софистициран изглед и доза на елегантно сексипилно издание, а секако достапни се и смелите бои на розова и црвена боја за впечатливо освојување.

ТИП 3: Свилена линија на ноќници и пижами

За сите девојки и жени кои сакаат утрото и вечерта да им започнат со раскош. Свилени ткаенини кои се збогатени со везови од тантела, со можност за избор во бои и форми. Можете да одберете помеѓу едноставни ноќници, ноќници со наметка и панделки, свилени пижами во два дела со дополнителна наметка која можете да ја комбинирате со пижамите, а и со соодветна долна облека од сличен дезен или боја.

Сите Premium парчиња можете да ги погледнете во продавницата во ГТЦ на приземје, а за сите детали следете го брендот на фејсбук и инстаграм.

 

 

 

x

Check Also

Невидено ниски цени на Sport Vision Bazaar!  

  Спортската сала „Расадник“ е местото каде ќе може да ја посетите ...