Есенски десерт: Шарлота од дуњи

Разубавете ја викенд-трепзата со овој вкусен сладок специјалитет од дуњи.

За да ја подготвите Шарлота од дуњи, потребно е: 2 поголеми дуњи (околу 1 килограм), 70 грама путер, 70 грама шеќер, 100 грама чоколада за готвење, 4 јајца, 200 мл. млеко, 50 мл. бренди.

Подготовка

dunji 2Половината од исчистените дуњи исечкајте ги на кругови, а втората половина на коцки. Половината од шеќерот карамелизирајте го, додадете ги круговите дуња, половина од брендито и варете 15-тина минути.

Преостанатиот  шеќер измешајте го со дуњата исечкана на коцки и варете додека не добиете кашеста смеса. Смесата изматете ја со миксер.

Чоколадата растопете ја на пареа, додадете го преостанатото бренди и 50 грама путер. Во смесата додадете 2 жолчки и 2 изматени белки.

Со преостанатиот путер намрсете го калапот, а на страничните делови скалесто наредете ги круговите карамелизирана дуња. Во калапот истурете ја чоколадната смеса.

Печете 40-тина минути на пареа во рерна загреана на 180 степени.

Преостанатите жолчки изматете ги со пастеризираните дуњи. Смесата постепено додадете ја во загреано млеко и варете додека не се згусти.

Ставете ја Шарлотата на чинија, а околу неа распоредете го кремот.

Ставете ја да отстои во замрзнувач најмалку четири часа пред послужување.

x

Check Also

Грчки колач – Портокалопита по оригинален рецепт

Подгответе го традиционалниот, превкусен колач о Грција, по оригинален рецепт. Потребни намирници ...