Есенски диетен режим: Со сок од дуња повитки и поздрави

Според грчката митологија дуњата е симбол на љубовта, Французите ја користеле уште многу одамна за козметички и медицински намени, а Римјаните пак од неа правеле етерични масла и парфеми.

dunja 2

Дуњата богата е со растителни влакна, изобилува со витамин Ц, бета каротен и многу танински материи. Сокот од дуња се употребува и како природен лек за прочистување на белите дробови, против кашлица, но и за зајакнување на имунитетот, а со тоа е и главен сојузник во борбата против вирусите карактеристични за променливото есенско време.

Ова здраво есенско овошје има ниска калорична вредност (60 калории во 100 грама), па затоа е добредојена во секоја диета.

Диетниот режим со дуња го исклучува броењето на калории. Може да се практикува во текот на целата есен, а за три месеци на овој начин не само што ќе го подобрите здравјето туку и ќе ги загубите вишокот на килограми и наталожени масти.

Диетен режим

Диетата се применува лесно, појадокот и вечерата се заменуваат со сок од дуња, а ручекот останува по желба. Меѓуоброците би требале да вклучат 1 дуња.

За да го подготвите сокот од дуња (количина доволна за два дена) потребно е – 5 килограми зрели дуњи, 200 грама кафен шеќер, 2 лимона, цимет.

Дуњите треба да се измијат, да се избришат со чиста крпа, да се исечкаат на ситни парчиња или пак да се изрендаат, а потоа се ставаат во сад. Во садот се додава кафениот шеќер, исцедениот лимон, и се остава да отстои два часа. Вака подготвените дуњи се ставаат во соковник и се додава цимет. Добиениот сок од дуњи може да се пие свеж или да се загрее на тивок оган.

x

Check Also

Диета со волшебна супа за брзо слабеење

Диетата наречена волшебна супа не само што помага брзо да се ослободите ...