Во есенската колекција на & Other Stories најдовме мини фустанчиња поинакви од досега видените.
Фустанчињата се инспирирани од стилот на 70-те години. Одлично „стојат“ со високи чизми, кои се, исто така, достапни во продажба во есенската колекција.
Од палетата на бои доминираат морнарската сина, бургунди – црвената и темно виолетова нијанса.
Во продолжение погледнете ги нашите фаворити.