Есенски колач со сезонско овошје готов за половина час

Одберете го вашето омилено есенско овошје и подгответе превкусен колач.

Ние овој колач го подготвивме со вишни, но може да употребите праски, јаболки, круши, и друго сезонаско овошје по желба.

Намирници – 2 лажици путер (омекнат на собна температура), 6 лажици растопен путер, 1 филџан шеќер, 1 јајце, 1 жолчка, 1 ипол лажичка екстракт од ванила, 1 ипол филџан брашно, 3/4 лажичка прашок за пециво, 1/2 лажичка сода бикарбона, 3/4 полномасно млеко, 1 + 1/2 филџан овошје исечкано на ситно, шеќер во прав.

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени и намачкајте ја тавата со 2 лажици путер омекнат на собна температура. Во голем сад измешајте го растопениот путер со 3/4 филџан шеќер, а потоа додадете го јајцето и едната жолчка. Убаво измешајте за сите состојки да се соединат. Потоа, додадете го екстрактот од ванила.

Додадете го брашното, сода бикарбоната, прашокот за пециво и солта и добро измешајте. Додадете го млекото и мешајте додека тестото стане густо и мазно.

Во друг сад ставете го преостанатиот 1/4 шеќер и овошјето.

Во тавата претурете ја смесата со брашно и распоредете ја рамномерно. Врз неа додадете го овошјето.

Печете го колачот додека добие златна боја, околу половина час. Потоа, оставете да се излади, па наросете го со шеќер во прав.

x

Check Also

Хармоника тиквички, мора да ги пробате!

Тиквички подготвени на поинаков начин. Уживајте во неповторливиот вкус. Од намирници потребно ...