Есенски модни изгледи од &Other Stories во бохо стил

За есенската сезона, модната марка &Other Stories ни нуди модни парчиња во бохо стил.

Новиот тренд-водич кој претставува дел од новата есенска колекција и советува како да ги комбинираме модните парчиња е насловен ‘New Nomad’.

Модната марка се фокусира на лежерната облека соодветна за дневни комбинации, давајќи предност на сомотот и превртената кожа. Од палетата на бои доминира кафената нијанса, додека флоралните макси фустани се во потемни нијанси, но украсени со бохо детали. Комбинирајте со „каубој“ чизми и мачкасти очила за сонце.

x

Check Also

Holidays of a Lifetime, лежерно лето со MANGO

Карли Луис е главно лице во новиот едиторијал на Манго насловен Holidays of a ...