ЕСЕНСКИ ТРЕНДОВИ | Топ 3 модни парчиња долна облека

Кога есента доаѓа, треба да дојде и новата гардероба во вашиот плакар. Овој пат наместо за топлите џемпери ќе збруваме за топ 3 трендови кога станува збор долната облека. Есенките бои и форми се неизбежни, а изборот е совршено модификуван според потребите на жените. Во прилог нашите топ 3 предлози:

1. Градници во пастелни тонови
Ако се одлучите за пастелни тонови оваа есен, тогаш вие сте во потполен тренд. Без разлика дали ќе одберете класични форми и нежни материјали или пак ќе се одлучите за разиграни форми со сензуална тантела, изборот на градник во боите на светло розова, сина, кремава и зелена е вистински есенски хит. Воедно, ваквиот избор на бои е добар за комбинирање во дневните и вечерените аутфити.

2. Бралети за впечатлив изглед
Доколку вашиот избор е впечатлив изглед и смелост, тогаш сигурно сте се одлучиле за бралет кој ќе и даде дополнителна заводливост на вашата фигура. Можете да го комбинирате како што сакате, а со тоа да добиете поголем број на варијации во аутфитите како на пример во комбинација со фармерки со висок струк, кратки панталнчиња или здолништа, заедно со наметка-сако.. ќе имате модно софистицирано парче за впечатлив изглед кој сите го посакуваме.

3. Дизајни со есенски цветови
Овозможете си цветна есенска атмосфера во утрата и вечерите и времето за себе. Одберете удобни пижами во два дела, или пак романтични ноќници со цветни дезени и спојте ја есента со сите цветови од најубавите градини. Боите се ваш избор како и формите на цветови, а нашиот избор е доминантен принт на цветови со интензивна сино-мастило боја.

Овие есенски трендови, а и многу повеќе можете да пронајдете во новата колекција на Penti низ продавниците во Скопје (Пенти Сити Мол и Пенти Рамстор Мол) и Битола (Пенти Широк Сокак).
Следете ги на нивните профили на фејсбук и инстаграм за сите детали и новитети околу трендовите.

x

Check Also

Невидено ниски цени на Sport Vision Bazaar!  

  Спортската сала „Расадник“ е местото каде ќе може да ја посетите ...