Со векови, белата боја има своја длабока симболика: Нов почеток, чистина, повторното раѓање, безгрешност…Оттука белата боја е бојата на венчаниците и облеката во која се нацртани божиците.
Затоа и не сме изненадени што дизајнерите бараат секогаш одново креативност во светлината, во белината, каква што покажаа преку своите креации Ралф Лорен и Роберто Кавали во есенските/зимските колекции за 2014/2015 година.
За оваа сезона се фаворизираат палтата во бела боја изработени од волна, Мерино и кашмир, но и волнени бели џемпери со плетка од свилен конец или сатен.
А доколку белата комбинација од главата до чевлите ви изгледа премногу, може да си поиграте со модни додатоци во крем нијанси.