Росица Мршиќ

Есен/зима 2014/15 во Лотус Дизајн Стор

Денес, 15 ноември, концептуалната продавница Лотус Дизајн Стор (Lotus Design Store) официјално ја започнува продажбата на новите колекции есен–зима 2014/2015 на македонските модни дизајнери. Покрај постоечките марки во Лотус Дизајн Стор (Скопје Сити Мол, втор кат ) за прв пат ќе бидат претставени колекциите на тројца нови дизајнери – Јован Петровски со моделите од своите модни марки Squire и Blackout, модната марка  JZJ на дизајнерот Златко Јовановски со колекцијата Страшен суд и модната марка Сино студио на Ема Николова со колекцијата на мебел Трикон.  Колекциите на Јован Петрески и Златко Јовановски претходно беа претставени на Модната недела во Скопје.

Јован Петровски

Јован Петровски

Македонскиот дизајнер кој работи во Банкок, Јован Петровски во Lotus Design Store ќе ги претстави колекциите од своите модни марки Squire и Blackout. Ова се креации за човекот од иднината, кој не им робува на навиките, дрескодовите и стилските ограничувања.

Златко Јовановски

Златко Јовановски

Златко Јовановски со својот бренд  JZJ, инспирацијата за својата колекција ја наоѓа во делата на славниот уметник Микеланџело. Во богатата палета тонови на колекцијата Страшниот суд, преовладуваат пастелните бои, особено давајќи драматичност со белата боја.

Ема Николова

Ема Николова

Сино студио на Ема Николова, пак, ја носи колекцијата на мебел Трикон , која е изработена во духот на геометријата и симетријата, како основни начела на убавината. Елементите се замислени како функционални скулптури кои би го облагородиле домот.

Покрај новите брендови, посетителите во Lotus Design Store може да ги пробаат и колекциите, кои што оваа сезона беа претставени на Модната недела во Скопје, на дизајнерите Росица Мршиќ и Елaна Спасовска, колекцијата Тајмлес на модната марка Куфер  од дизајнерката Андријана Динева, Кирилица на Стефанија Насеска и Зебра на Ирина Тошева. Но исто така, може да се купат и колекциите есен-зима на Le Brand на Лили Кадинска, 4 Сезони на Марта Мирова, Macci на Мариа Спасеска и Vibrazioni на Александра Митковска. Дизајните од сите овие колекции преку Лотус Дизајн Стор (Lotus Design Store) може да станат и дел од гардероберот на посетителите.

Стефанија Насеска

Стефанија Насеска

Ирина Тошева

Ирина Тошева

Андриана Динева

Андриана Динева

Колоритната колекција на Росица Мршиќ, инспирирана од Tamara de Lempicka, ги спојува на едно место уметноста и модата преку моделите изработени под влијание на арт деко стилот. Андријана Динева ни ја носи колекцијата Тајмлес, која зборува за самоуверена жена, која не е определена од тековните тенденции и знае да ја помести границата на она што се нарекува женственост, жена која не прави компромиси и верува во безвременска класика. Креаторката Стефанија Насеска пак, продолжува „да си игра“ со буквите и овој пат ја донесе Кирилица – посветена на зачувување на нашата азбука и нејзина афирмација.

Инспирацијата за својата Зебра колекција, модната креаторка Ирина Тошева ја добива од потребата да се истакне индивидуалноста во урбаната џунгла во која што динамично живееме.

x

Check Also

Тајните ерогени зони на хороскопските знаци

Секој хороскопски знак има најмалку една или две скриени ерогени зони на ...