Ешли Грем ги претставува костимите за капење за полнички девојки

Популарната „плус сајз“ манекенка Ешли Грем инспирира како да се носат костими за капење со некој килограм повеќе на себе, и како да уживаме со стил во своето тело на плажа.

Фотосесијата е снимена за јулското издание на британскиот Харперс Базар. Фотографирана од Памела Хенсон, полничката убавица носи костими од марката Ерес. Акцентот е на ретро стилот, гаќичките за капење се со висок струк, нагласени се принтовите – цветови, риги и трендовски точки, а од модните додатоци не заборавајте на марамата за коса.

x

Check Also

Ирина Шаик со ќеркичката дотерани во исти „Burberry“ фустанчиња

По разделбата со глумецот Бредли Купер, рускиот топ модел Ирина Шаик не ...