Ешли Грем ги претставува пролетните/летните трендови во фотосесија за ELLE

„Плус сајз“ моделот Ешли Грем ја краси насловната страница на феврураското издание на американскиот „Ел“.

Фотографирана од Карин Бекоф, моделот со нагласени женски облини на насловната позира во блуза која личи на ѓердан со кристали од Кристијан Кован. На втората насловна пак, таа позира со трендовски костим за капење и проѕирен мантил. Третата насловна е во црнно-бела техника.

Во едиторијалот, на секси начин Ешли ги претставува новите модни трендови за сезоната пролет/лето 2019.

Погледнете во продолжение.

x

Check Also

Изглед на денот: Селена Гомез во фустан од новата колекција на Версаче

На доделувањето на Американските музички награди, вниманието го украде пејачката Селена Гомез, ...