Ешли Грем ја претстави новата колекција на долна облека за Денот на вљубените

Популарната „плус сајз“манекенка, Ешли Грем, во соработка со марката за долна облека „Addition Elle“ дизајнираше колекција посветена за Денот на вљубените.

Колекцијата за долна облека, која е веќе во продажба, е наменета за жени со облини, и како и претходните колекции, се очекува брзо да биде распродадена.

„Возбудена сум што колекцијата ја претставуваме пред Денот на вљубените, па така на време може да инвестирате во ново модно парче и да се израдувате себеси и својот партнер“, вели Грем.

 

x

Check Also

Изглед на денот: Моника Белучи во сино сако со длабоко деколте

На 55 години, Моника Белучи може да се пофали со навистина долга ...