Ешли Грем позира во новите модни парчиња од VIOLETA by MANGO – колекција за раскошни девојки

Преубава нова рекламна кампања ни доаѓа од линијата на Манго, Виолета, наменета за полнички девојки и дами.

Слоганот на кампањата е I Am what I Am, а за новиот каталог позира популарниот модел Ешли Грем. Кампањата е снимена во Барселона, Шпанија, од фотографот Џиампаоло Згура, а содржи фотосесија и видео спот.

Модните парчиња се со конфекциски број од 42 до 54 (европски). Колекцијата се фокусира на три различни линии – од облека за дотерување до „кежуал“ модни парчиња и спортска облека.

Погледнете ја фотогалеријата.

x

Check Also

Листа на желби: Летна чанта од MANGO

Какошто деновите стануваат се потопли, размислуваме за летна, лесна чанта, иста онаква ...