Супермоделот со женствени облини Ешли Грем е главно лице во кампањата за тексас колекцијата за есен/зима 2019 на Марина Риналди.Ова е четврта година успешна соработка меѓу Грем и италијанската дизајнерка. Овојпат станува збор за модни парчиња дизајнирани за полнички девојки и жени, а изработени од тексас. Колекцијата содржи миди фустани, „милив“ здолништа, комбинезони, фармерки, кожени јакни, палта со нагласен струк…, а како детаљ доминираат ресите.