Ешли Грем во секси фотосесија за новата колекција на Марина Риналди

Италијанската модна марка за облека наменета за полнички дами, Марина Риналди, за потребите на новата рекламна кампања ја ангажираше популарната „плус сајз“ модел Ешли Грем.

Кампањата за колекцијата Марина Риналди пролет/лето 2019 е снимена во јужна Италија, во Апулија.

Колекцијата е инспирирана од стилот на 50-те години, а акцентот е на флоралните принтови и црната тантела. Од палетата на бои доминираат црвената, зелената, сината и жолтата нијанса во комбинација со црната и белата боја.

Погледнете дел од модните парчиња од колекцијата.

x

Check Also

Ариана Гранде е главно лице на колекцијата за есен/зима 2019 на H&M

26-годишната американска пејачка Ариана Гранде е главно лице на новата колекција на ...