Essence и Catrice нудат се што срцето на една жена може да посака

Денеска во прекрасниот амбиент на Park Hotel&Spa се одржа промоција на новитетите од светски познатите германски козметички линии на essence и Catrice makeup за кои компанијата Саманта доо стана официјален застапник за македонскиот пазар. Новите козметички колекции пролет – лето 2019 од овие два препознатливи бренда беа презентирани пред 100на дами од јавниот живот меѓу кои беа присутни: модните дизајнерки Тања Кокев и Лидија Георгиева, топ моделите Катарина Ивановска, Марјана Станојковска, Маја Сашек, Снежана Сани Богдановска, како и голем дел од преставничките на медиумите.

Настанот концепциски беше организиран така што покрај официјалната презентација за овие висококвалитетни производи, кои ги следат најновите трендови на модните писти, која ја водеше регионалната маркетинг менаџерка Ивона Худан, присутните можеа одблизу да ги испробаат и доживеат новите производи, меѓусебно да ги споделат искуствата и што е уште поважно директно да поразговараат и да се запознаат со претставниците на брендовите од Загреб.

По тој повод Худан за време на презентацијата истакна дека брендот Catrice се продава во над 70 земји од светот, а essence во над 80 земји од светот.

Младешкиот бренд essence изобилува со шаренолики бои и разиграни трендови. Секоја година овој бренд произведува 600 нови производи. Catrice пак е „постарата сестра“ на essence и е наменета за повозрасни дами и квалитетот на оваа колекција ги надминува цените на самите производи“.

Новите must – have производи се одликуваат со висококвалитетни состојки, луксузни текстури, иновативни формули, а најважно од се имаат исклучително пристапни цени. Двата бренда нудат козметички линии за дневна и ноќна шминка, посебни линии за фитнес, како и посебни линии за шминка предвидена за сонце.

Квалитетот на овие брендови гарантира високи стандарди и строги проверки од самиот процес на произведување, па се додека производите не стигнат до продажното место. Тестирањето како на производите, така и на состојките од кои се направени е строго забрането да се применува на животни, а сите производи се безглутенски.

Новите производи на Catrice за пролет – лето е инспирирана од колекциите на светските модни дизајни. „NO MAKE-UP“ стилот се фокусира на нежните нијанси на сенките за очи и нуди привлечен, но речиси ненаметлив изглед. Поголема впечатливост се добива со „VISUAL WOW& EFFECTS“, така што сите љубители на шминката можат совршено да се истакнат со помош на овие одлични производи. „RESHAPE & PLUMP& BOOST“ е тренд со производи за совршено обликување и дополнителен волумен. „PERFORMANCE FOR EVERY LIFESTYLE“ ги соединува високите перформанси на производите кои можат да издржат активен животен стил.

Essence новитетите пак за пролет – лето 2019 се многу барани и со нетрпение ги очекуваат зависниците од убавина! Со последните промени, Essence уште еднаш нуди откачени и иновативни производи за убавина со висок квалитет. Како и секогаш има производи кои се неопходни за љубителите на шминка. „You better work!” линијата нуди производи со долготраен перформанс, за активен животен стил и беспрекорен изглед. Благодарејќи на нијансите на сенките за очи од City палетите, шминката за очи импресионира, а соништата за нега на ноктите се остваруваат со богатите нијанси на новите „Shine, last & go“ лакови за нокти.

x

Check Also

Дуа Липа е лице на новиот парфем од Ив Сен Лоран, парфемот наскоро во продажба!

На почетокот на летото, Дуа Липа на својот Инстаграм профил сподели фотографија ...