Eucerin® Hyaluron-Filler Витамин Ц Бустер: Моќен антиоксиданс за свеж и сјаен изглед за само 7 дена

Eucerin® – експертот во медицинската нега на кожата, ја откри својата последна иновација – Hyaluron-Filler Витамин Ц Бустер. Серумот комбинира три активни состојки коишто заедно ја зајакнуваат кожата и ги пополнуваат брчките. Пред првото нанесување, активираниот витамин Ц се меша со лихохалкон А за да се добие антиоксиданс со засилено дејство на кожата, а хијалуронската киселина ги пополнува брчките одвнатре. Иновативната опаковка ослободува витамин Ц во активна форма во моментот на користење. При секојдневна употреба кожата изгледа мазна, сјајна и освежена после само 7 дена, а со понатамошна употреба нејзината состојбата и дополнително се подобрува.


Прекумерното изложување на сонце, загадувањето на воздухот, забрзаниот модерен начин на живот влијаат на нашето здравје. Како што знаеме, секојдневна доза на витамин Ц докажано го подобрува здравјето и се бори со првите симптоми на некои сезонски заболувања. Освен што го зајакнува имуниот систем, важна придобивка од витаминот Ц е што ѝ помага на кожата во борбата против штетните влијанија предизвикани од слободните радикали.


Освен тоа што кожата трпи последици од начинот на нашиот животен стил, потребите на кожата со текот на времето стануваат сè поголеми, бидејќи основните состојки кои ја прават мазна, цврста и еластична побавно се надополнуваат. На пример, се намалува количината на создадена хијалуронска киселина и се намалува синтезата на колаген. Освен тоа, влијанието на слободните радикали го забрзува стареењето на кожата. Како резултат на тоа почнуваат да се појавуваат фините линии и брчките, а кожата го губи својот младешки изглед.
Колагенот е одговорен за тонусот на кожата, а витаминот Ц е клучен фактор во синтезата на колагенските влакна. Истовремено тој е и многу моќен антиоксиданс и помага во заштита на кожата од негативното влијание на оксидативниот стрес и слободните радикали. Ова значи дека витаминот Ц е од суштинско значење за одржување на кожата во добра состојба. За жал, нашата кожа не може сама да произведува витамин Ц, па ние треба да ѝ го обезбедиме, а со локално нанесување на витамин Ц на површината на кожата, тој делува директно таму каде што е потребно.


Новиот Eucerin® Hyaluron-Filler Витамин Ц Бустер обезбедува бројни придобивки за кожата, на пример заштита од надворешните штетни влијанија и пополнување на брчките одвнатре. Како резултат на тоа кожата изгледа посвежа и посјајна по само седум дена употреба, а со текот на времето ефектот продолжува да се подобрува.
Комбинација од активни состојки за висока ефикасност и одлични резултати
Тајната на ефикасноста на новиот производ Eucerin® Hyaluron-Filler Витамин Ц Бустер е во начинот на комбинирање на активните состојки во него. Вијалата содржи 10% чист медицински витамин Ц во прав и лесна емулзија од хијалуронска киселина и ликохалкон А. Благодарение на иновативниот концепт на пакување, прашокот витамин Ц е одделен од формулата сè до првата апликација, кога се активира со притискање на мекото дно на вијалата. Со протресување на вијалата се спојуваат активните состојки и формираат серум којшто со својата моќ ја заштитува кожата од оксидативен стрес. Бустерот го користи чистиот витамин Ц во активна форма. Многу често користените деривати на витамин Ц покажуваат антиоксидантни ефекти само на површината на кожата или треба прво да се трансформираат од кожата за да навлезат во нејзините горни слоеви. За разлика од нив, чистиот витамин Ц не треба да се конвертира за да биде целосно активен. Ликохалкон А го подобрува ефектот од дејството на витаминот Ц и дополнително ја заштитува кожата од влијанието на УВБ, УВА зраците и високоенергетската видлива (HEVIS) светлина. Ликохалконот А ја смирува кожата, што го прави серумот погоден дури и за чувствителна кожа. Покрај тоа, нискомолекуларната хијалуронска киселина во серумот продира подлабоко во епидермалните слоеви на кожата, каде што се формираат подлабоки брчки.

Секојдневна употреба за видливи резултати
Eucerin® Hyaluron-Filler Витамин Ц Бустер се препорачува да се нанесува секојдневно. Производот којшто содржи активен витамин Ц во концентрација од 10% има оптимален баланс меѓу подносливост и ефикасност, а го поднесува одлично дури и чувствителната кожа. Витаминот Ц во прав се ослободува во формулата со едно притискање на мекото дно на вијалата. Потребно е да се протресе пред употреба, за да се помеша правот со емулзијата и со тоа се активира витаминот Ц кој моментно ја покажува својата моќ. Серумот е со лесна текстура и за најдобри резултати се нанесува секојдневно пред дневниот крем од линијата Hyaluron-Filler или помешан со него. Само после 7 дена кожата изгледа освежена, мазна и посјајна.
Eucerin® Hyaluron-Filler Витамин Ц Бустер
Достапен е во 2 вида пакувања:
Единечна опакова за 7-10 дена која содржи 1 вијала од 8 мл: х денари.
Тројна опаковка за 24-30 дена која содржи 3 вијали од 8 мл: х денари.
• Докажана ефикасност: ја зајакнува кожата, ги пополнува и измазнува брчките;
• За посвежа, сјајна и мазна кожа.

За производите од линијата Hyaluron-Filler
Кога кожата старее, количината на природно произведената хијалуронска киселина во неа се намалува и како резултат на тоа започнуваат да се формираат површински фини линии и подлабоки брчки. Повеќето производи од линијата Eucerin®Hyaluron-Filler коишто се клинички испитани, содржат комбинација од хијалуронска киселина со висока и ниска молекуларна тежина, како и супстанцијата глицин-сапонин којашто докажано ја помага природната синтеза на хијалуронска киселина во кожата. За оние луѓе кои сакаат да се справат со фините линии и брчки, линијата Eucerin®Hyaluron-Filler комбинира моќен ефект на пополнување на брчките со одлична подносливост од кожата. Новиот производ Hyaluron-Filler Витамин Ц Бустер ја дополнува успешната Hyaluron-Filler линија, комбинирајќи го докажаниот концепт на Hyaluron-Filler со формулата со непосредно активиран витамин Ц за подмладен и сјаен изглед.

x

Check Also

Три нови најдобри диети според U.S. News & World Report

Секоја година U.S. News & World Report заедно ја објавуваат листата на најдобри ...