Eucerin® Hyaluron-Filler Витамин Ц Бустер: за свеж и сјаен изглед на кожата на лицето за само неколку дена

Овој празничен период е посебен за сите нас! Остваруваме средби со најблиските соработници, пријателите со сите оние кои нешто ни значат. Дружење на кое си посакуваме убави желби за периодот кој следи, се потсетуваме на она што помина. Ова е период кога сакаме да изгледаме убаво, да се чувствуваме добро, па и да оставиме впечаток на другите. А тука кожата на лицето е првото нешто на кое треба да обрнеме внимание. Грижата за кожата треба да биде континуирана, во текот на целата година, но овие денови сакаме брз ефект, и за само неколку дена свеж и здрав изглед.

Eucerin®–Hyaluron-Filler Витамин Ц Бустер го овозможува токму тоа, овозможува мазна, сјајна и освежена кожа на лицето само по неколку дена. Серумот комбинира три активни состојки коишто заедно ја зајакнуваат кожата и ги пополнуваат брчките. Пред првото нанесување, активираниот витамин Ц се меша со лихохалкон А за да се добие антиоксиданс со засилено дејство на кожата, а хијалуронската киселина ги пополнува брчките одвнатре. Иновативната опаковка ослободува витамин Ц во активна форма во моментот на користење.

Новиот Eucerin® Hyaluron-Filler Витамин Ц Бустер обезбедува бројни придобивки за кожата, на пример заштита од надворешните штетни влијанија и пополнување на брчките одвнатре.

Тајната на ефикасноста на Eucerin® Hyaluron-Filler Витамин Ц Бустер е во начинот на комбинирање на активните состојки во него. Вијалата содржи 10% чист медицински витамин Ц во прав и лесна емулзија од хијалуронска киселина и ликохалкон А.

Благодарение на иновативниот концепт на пакување, прашокот витамин Ц е одделен од формулата сè до првата апликација, кога се активира со притискање на мекото дно на вијалата.

Со протресување на вијалата се спојуваат активните состојки и формираат серум којшто со својата моќ ја заштитува кожата од оксидативен стрес. Бустерот го користи чистиот витамин Ц во активна форма.

Многу често користените деривати на витамин Ц покажуваат антиоксидантни ефекти само на површината на кожата или треба прво да се трансформираат од кожата за да навлезат во нејзините горни слоеви. За разлика од нив, чистиот витамин Ц не треба да се конвертира за да биде целосно активен. Ликохалкон А го подобрува ефектот од дејството на витаминот Ц и дополнително ја заштитува кожата од влијанието на УВБ, УВА зраците и високоенергетската видлива (HEVIS) светлина. Ликохалконот А ја смирува кожата, што го прави серумот погоден дури и за чувствителна кожа. Покрај тоа, нискомолекуларната хијалуронска киселина во серумот продира подлабоко во епидермалните слоеви на кожата, каде што се формираат подлабоки брчки.

Колагенот е одговорен за тонусот на кожата, а витаминот Ц е клучен фактор во синтезата на колагенските влакна. Истовремено тој е и многу моќен антиоксиданс и помага во заштита на кожата од негативното влијание на оксидативниот стрес и слободните радикали. Ова значи дека витаминот Ц е од суштинско значење за одржување на кожата во добра состојба. За жал, нашата кожа не може сама да произведува витамин Ц, па ние треба да ѝ го обезбедиме, а со локално нанесување на витамин Ц на површината на кожата, тој делува директно таму каде што е потребно.

Секојдневна употреба за видливи резултати

Eucerin® Hyaluron-Filler Витамин Ц Бустер се препорачува да се нанесува секојдневно. Производот којшто содржи активен витамин Ц во концентрација од 10% има оптимален баланс меѓу подносливост и ефикасност, а го поднесува одлично дури и чувствителната кожа. Витаминот Ц во прав се ослободува во формулата со едно притискање на мекото дно на вијалата. Потребно е да се протресе пред употреба, за да се помеша правот со емулзијата и со тоа се активира витаминот Ц кој моментно ја покажува својата моќ. Серумот е со лесна текстура и за најдобри резултати се нанесува секојдневно пред дневниот крем од линијата Hyaluron-Filler или помешан со него. Само после 7 дена кожата изгледа освежена, мазна и посјајна.

 

 

x

Check Also

МЕТЕО СО СЛАВЧО&ЗДРАВЈЕ: Продолжува периодот на дождови! Еве на што да внимавате најмногу!

Продолжува периодот на дождови! Но, и покрај тоа што ќе врне, ќе ...