„Еуролинк осигурување“ додели 19 стипендии за студенти на Правниот факултет „Јустинијан Први“

Компанијата „Еуролинк осигурување“ додели 19 стипендии на перспективни млади луѓе од Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје. Стипендиите се во висина од по 25.000 денари и се наменети за студентите да ги покријат трошоците за кофинансирање.
За стипендијата аплицираа студенти на додипломските студии од сите студиски насоки на Правниот факултет „Јустинијан Први“.

eurolink-2

На доделувањето на стипендиите, Олга Костовска, претседател на Надзорниот одбор на Еуролинк осигурување изјави: „Се надеваме дека ова е почеток на убава традиција на доделување “Еуролинк стипендија” на многу идни генерации на Правниот факултет “Јустинијан Први” во годините што доаѓаат. Сметаме дека еден од фундаментите на општеството е токму образованието и токму заради тоа ја почнавме оваа иницијатива со емоција за лична и корпоративна одговорност за општествените текови и поддршка во создавање подобра иднина за сите нас.”

Проектот е дел од долгорочната корпоративна платформа „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“ во редот на активности со кои се промовираат трајните културни вредности со цел унапредување на уметноста и културата во земјата.

x

Check Also

Повеќе харизма во личниот стил, со помош на додатоци

За многумина, зборот „стил“ претставува термин резервиран за изглед како од списанија ...