Ева Херцигова блеска во пролетната кампања на Zadig & Voltaire

Супермоделот повторно се врати на модната сцена, сега како лице на кампањата на  Zadig & Voltaire за сезоната пролет/лето 2019.

45-годишната убавица од Чешка уште еднаш покажа дека годините не се пречка во убавината. Кампањата е снимена во црно-бела техника, а акцентот е на „кежуал“ стилот во кои главниот збор го имаат кожените јакни. Од модните додатоци, во центарот се чантите со „анимал“ принт.

x

Check Also

Ирина Шаик со ќеркичката дотерани во исти „Burberry“ фустанчиња

По разделбата со глумецот Бредли Купер, рускиот топ модел Ирина Шаик не ...