Ева Лонгорија – кралица на плажата во бел костим за капење

Откако престојуваше неколку дена во Барселона, глумицата Ева Лонгорија го продолжи летувањето со семејството на југот на Шпанија, во Марбеља.

Познатата глумица по породувањето наталожи дваесетина килограми повеќе, но по едногодишна борба со килограмите, сега може да се пофали со резултатот. 44 годишната глумица никогаш не изгледала подобро!

На плажата во Марбеља таа се забавува со едногодишното синче, а погледот го привлекува со одличниот избор на костим за капење во бела боја и со една вкрстена прерамка. Шармот е и во белата шапка и кошула-фустанот со риги соодветен за плажа.

x

Check Also

Изглед на денот: Пенелоп Круз во светкави комбинезонки

Славната шпанска глумица е фотографирана во Париз на премиерата на нејзиниот нов ...