Ева Лонгорија – кралица на плажата во бел костим за капење

Откако престојуваше неколку дена во Барселона, глумицата Ева Лонгорија го продолжи летувањето со семејството на југот на Шпанија, во Марбеља.

Познатата глумица по породувањето наталожи дваесетина килограми повеќе, но по едногодишна борба со килограмите, сега може да се пофали со резултатот. 44 годишната глумица никогаш не изгледала подобро!

На плажата во Марбеља таа се забавува со едногодишното синче, а погледот го привлекува со одличниот избор на костим за капење во бела боја и со една вкрстена прерамка. Шармот е и во белата шапка и кошула-фустанот со риги соодветен за плажа.

x

Check Also

Жешка кампања на Викторија сикрет за есен 2019

Викторија сикрет ги објави првите фотографии за кампањата за долна облека за ...