Популарната глумица Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на премиерата на „Мис Бала“.
Глумицата носеше бела модна комбинација, односно бел костум од John Paul Ataker и чевли со висока потпетица од Christian Louboutin.
Откако по породувањето имаше проблеми со телесната тежина поради зголемените 15-ина килограми, очигледно е дека глумицата се враќа во добра форма. На црвениот тепих на премиерата, се гледа дека е видно ослабена и дека само уште малку и недостига да биде „старата“ суперзгодна Ева.

Ева со колешката и пријателка Џина Родригез