Од 28 август до 7 септември во Венција ќе се случува 70-от филсмки фестивал. За водителка е избрана супермоделот Ева Рикобоно.
По Изабела Ферари, Амбра Анџолини, Мариа Грациа Кучинота, Изабела Рагонезе, Виториа Пучини и Касиа Смутниак, уште една супер згодна девојка ќе го отвори славниот филмски фестивал во Венеција.
30 годишниот топ модел од Палермо со интернационална слава, дебитираше на филмското платно во 2008 година.
Зад себе има освоено дузина насловни страници меѓу кои и насловните на Вог, Ел, Космополитен, Венити Фер и италијанскиот Плејбој, а во 2003 година позираше за престижниот Пирели календар.