Еве го совршениот маж според новата анкета

Најновите истражувања кои се спроведени во Универзитетот во Готинген, Германија покажало дека жените повеќе ги сакаат мажите со „обични“ тела.

Истражувачите во соработка со апликацијата „Клу“, која е наменета за жени, ги испрашале жените од целиот свет какви карактеристики треба да има нивниот совршен партнер.

Др. Тања Герлах, која го водела истражувањето, рекла: „ Она што луѓето го сакаат кај партнерот ги фасцинирало истражувачите и лаиците. Истражувањето за идеален партнер е единствено по тоа што жените од целиот свет – преку различни сексуални ориентации и животни фази – дале богат увид за тоа што им е најважно. Ова ни овозможува да направиме многу поинаква слика за желбите на жената за долги и кратки врски.“

Истражувањето, во кое биле вклучени повеќе од 68.000 жени, покажало дека на жените личноста на мажот им е поважна од изгледот, кога бараат партнер за врска.

Љубезност и добрина (88,9%), поддршка (86,5%), интелегенција (71,3%), образование (64,5%) и доверба (60,2%) биле најважните фактори за жените кога се во прашање долгите врски, додека богатството и моќта биле помалку важни.

Сепак, на прашањето какви физички карактеристики треба да има совршениот маж, жените изјавиле дека најважна е привлечната насмевка, убавите очи, големите раце, кратката коса, атрактивниот грб, мускулестите раце, но и брада или мустаќи.

Жените заклучиле дека совршениот маж има пенис со просечна големина .

Кога станува збор за изгледот на телото, само 2,5% од жените изјавиле дека претпочитаат набилдани, мускулести мажи. Најпривлечниот изглед на телото е онај просечниот (44,85% од испитаничките), додека на второ место со 34,8% од испитаничките го избрале спортскиот, фитнес изглед.

x

Check Also

Објавена новата сликовница од Ване Костуранов, „Девојчето и градот“, во издание на „Арс Ламина“

Новата книга за деца од познатиот македонски илустратор и уметник Ване Костуранов, ...