Еве ја темата и специјалните гости на Мет Гала 2020

Темата одбрана од Costume Institute за 2020 година за значајниот моден настан Мет Гала е односот меѓу модата и времето.

Metropolitan Museum of Art од Њујорк ја најави темата на Мет гала 2020: About Time: Fashion and Duration.

2020 година ќе биде јубелејна година за Мет Гала, 150 години од Метрополитан, па затоа акцентот ќе биде на модната приказна од 1870 година до денес. Ќе бидат претставени околу 160 парчиња од архивот.

Покрај Ана Винтур, домаќинката на настанот, следниот Мет Гала ќе има специјален гостин – Мерил Стрип! Оскаровката на црвениот тепих ќе се појави во друштво на главната уредничка на американскиот Вог.

Освен Мерил, на настанот ќе ги видиме како специјални гости францускиот моден дизајнер Николас Гесквиер и актерката Ема Стоун.

x

Check Also

Седа коса: тренд што обедини многу sвезди во движењето „без боја“ – од Енди Мекдауел до Џејн Фонда, Џоди Фостер, Џејми Ли Кертис до…

Кој рече дека седата коса им одговара само на мажите? Од Енди ...