Еве каде ќе летуваат Меган Маркл и принцот Хари

Војводата и војвотката од сасекс, Меган Маркл и принцот Хари, ја одбраа Сицилија за летна дестинација каде ќе се одмораат во друштво на синчето Арчи Харисон. Веста ја објави британскиот весник „Експрес“, кој го стави долгиот одмор на војводите под лупа. На Сицилија ќе пристигнат со приватен авион.

Земјата на жолтите лимони какво што е и сонцето, и на кристалното море, географската муза на Долче и Габана, – Сицилија, отсекогаш била привлечна за кралските парови и ВИП личностите. Според мапата објавена во „Експрес“, војводите од Сасекс ќе поминат долг летен одмор на Медитеранот. Првата станица ќе биде Ибица, а оттаму Меган и Хари ќе се упатат во Ница и долж француската ривиера. Оттука, директно ќе „летаат“ за Сицилија и потоа ќе се вратат во Балморал, летната резиденција за одмор на кралицата Елизабета Втора.

Всушност, одморот ќе вклучи посета на три држави (Шпанија, Франција и Италија).

 

 

x

Check Also

Викторија сикрет ја претстави празничната кампања (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ангелите на Викторија сикрет Барбара Палвин, Биргит Кос, Елса Хокс, Лорен Дуран, ...