Еве каде летуваат Кејт Мидлтон и принцот Вилијам

Кејт Мидлтон и приноцт Вилијам заминаа на семеен годишен одмор, заедно со своите ти деца Џорџ, Шарлота и Луј. И годинава, како лани, за летна дестинација за одмор го одбраа островот Мустик.

Познат како остров на милијардерите, Мустик е дел од малата островска држава Сент Винсент и Гренадини, сместен во југоисточниот дел на Карипското море.

За да се стигне до Мустик, прво треба да стигнете до Барбадос, од каде до Мустик се патува со чартер-лет или со брод. Барбадос се наоѓа на 175 километри западно од островот Мустик.

Островот е мал по големина, а стана познат во 70-те години кога љубителите на раскошни забави и милионерите, почнаа да се собираат тука за да се забавуваат за време на викендите и празниците.

Денес на островот се наоѓаат луксузни вили и палати во сопственост на бројни ѕвезди – на музичарите Мик Џегер и Дејвид Боуви, Фил Колинс, на познатиот француски бизнисмен Франсоа Пино, потоа, тука е вилата на глумицата Ракел Велч, на модниот дизајнер Пјер Карден, Лилиан Бетанкур, косопственик на компанијата L’Oréal и многу други.

Според објаснувањето на близок пријател на кралското семејство, Кејт и Вилијам по втор пат го одбираат овој далечен остров за летување поради дискрецијата и приватноста, но и поради довербата на персоналот кој работи за нив во изнајмената вила.

На Мустик, кралската двојка со децата ќе останат две недели. Принцот Џорџ тука ќе го прослави денес, 22 јули, својот шести роденден.

x

Check Also

Каде летуваат познатите модни креатори – Од Армани до Хилфигер…

Лето е, а тоа значи, време е за одмор. Првата половина на ...